Кралот на трубата, не само кај нас туку и пошироко, Џамбо Агушев ја промовираше најновата композиција, со наслов Оро Оптимус. Композитори се Џамбо и Илија Караџов, аранжманот е на Џамбо, Шукри Џеватов и Минтас Мемедов. Покрај Џамбо во песната учествуваат и Мустафа Зејнелов, Шукри Џеватов, Илија Караџов и други. Снимано е во студио Минти стар, видеото е на CukiRecords Production. Исеин Озден, или познат како Џамбо Агушев е роден во Струмица и свири на труба откако знае за себе. Вниманието на јавноста го привлече по освојувањето на наградата „златна труба“ на Гуча, Србија, во 2013 година. На 11 години го снимил и својот прв самостоен носач на звук, касетата „Џамбо магична труба“, кога го добива и сегашниот прекар Џамбо, кој му го дал лично Ферус Мустафов.
Албумот „Brasses for the masses” на Џамбо Агушев Оркестрарот e награден со престижната награда „German Records Critics“ како најдобар албум во светот за 2020 година. Учествувал во изработката на музиката за филмското остварување „Окја“ на Бонг Џун Хо, режисер и на филмот „Паразит“, кој стана првиот странски филм добитник на четири Оскари, меѓу кои и за најдобар филм. Во 2022 беше прогласен за „крал на ромската музика”, на манифестацијата кога се навршија 50 години од првиот Светски конгрес на Ромите.
Претходно Џамбо заедно со Фонтата го привлекова вниманието на јавноста со преработката на Касапското оро, една од најпознатите инструментални теми во целокупната Балканска музичка традиција.
Видеото може да го погледнете на следниот лник: