Home » Одбележан 25.годишниот јубилеј на музичката емисија Металманија

Одбележан 25.годишниот јубилеј на музичката емисија Металманија

by culturalchat

Синоќа во кафе бар Везилка се одржа прилично интересен настан поврзан со музичката сфера, имено, се проектираше јубилејно издание на емисијата Металманија посветено на 25 годишнината постоењето на оваа емисисија каде што беше поставена и изложба на истата тема.“Емисијата посветена на овој јубилеј е навистина вредна да се проследи, голем број македонски музичари зедоа учество со свои изјави и видувања каде што се присетија на почетоците на оваа емисија но и се заблагодатија затоа што голем дел од тие групи беа презентирани токму во оваа емисија и на тој начин македонсиот аудиториум дозна за нивното музичто творештво,  додадоа и тоа  колку е значајно да постои една ваква емисија во ова време каде што емисијата е посветена на македонската алтернативна сцена” ,Изјави Агим Џело за медиумите коИ го проследија овој настан и им се заблагодари на сите нив за промоцијата на истиот.Проекцијата 25 години Металманија и  изложбата се поддржани од Министерството за култура на Македонија, а целовечерната забава насловена како Ноќ со Металманија беше поддржана од Општина Биатола во рамките на Бит фест 2024.

Фото – Ивона Кочов

 

Related Articles