Home » Објавен Речникот на македонските глаголи во Србија

Објавен Речникот на македонските глаголи во Србија

by culturalchat

Во Музејот на обединувањето во Нови Сад е претставен Речникот на македонските глаголи на авторот Жарко Бошњаковиќ. Тој е објавен по повод 75-годишнината од универзитетската настава по македонски јазик и литература во Србија а со поддршка на покраинската влада.

Како што соопштија од Кабинетот на покраинскиот премиер Игор Мировиќ, поддршката за оваа публикација покажала посветеност на единството и односот кон македонското национално малцинство кое живее во Србија, а особено во Војводина.

Авторот на речникот и професор на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Жарко Бошњаковиќ рече дека овој речник ќе биде корисен за студентите, но и за јазичните теоретичари и лингвисти. претседателот на Националниот совет на Македонците, Борче Величковски, изјави :

„Речник на македонските глаголи“ е капитална работа што ќе го подигне нивото на универзитетското изучување на македонскиот јазик во Србија.

Вршителот на работи во Амбасадата на Македонија, Михаела Веселинов, истакна дека ова дело заслужува почит и е од големо значење за македонскиот јазик.

Соработници на речникот се Националниот совет на Македонците во Србија, весникот и издавачката институција „Македонски информативен и издавачки центар“ во Панчево, Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад и Архивот на Војводина.

 

Related Articles