Министерството за култура на Република Македонија објавува конкурс „Цртај на македонски јазик“. Со истиот ги поттикнуваат младите на инвентивност и свежина во изразот.
„ Го започнавме конкурсот пред две години и резултатите и делата што ги добивме нè насочија да ја продолжиме оваа активност што на младите им отвора простор за реализација на нови идеи и уметнички форми преку кои се афирмираат македонскиот јазик и кирилското писмо“, се вели во соопштението на Министерството за култура.
Конкурсот е отворен до 26-ти февруари, а е наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена. Избраните проекти ќе се реализираат во периодот од 30 март до 31 мај.
Повеќе информации за конкурсот може да најдете на: