Home » Обележувачи за книги за поддршка на Ана и Алексеј на Јуниорскиот Евросонг

Обележувачи за книги за поддршка на Ана и Алексеј на Јуниорскиот Евросонг

by culturalchat

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола изработи посебни обележувачи за книги во чест на Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски, кои ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2024. „Горди сме што Министерството за култура на Република Македонија ја поддржува оваа иницијатива. Да им дадеме силна поддршка на Ана и Алексеј и да навиваме за нив на натпреварот“, истакнуваат од Битолската библиотека.„Маратон“ е песната со која на 22-то издание на Јуниорскиот Евросонг, ќе не претставуваат токму младите и талентирани битолчани Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски. Автор на песната е Лазар Цветковски, текстот на Магдалена Цветковска и на евровизиската сцена Ана и Алексеј ќе застанат на 16-ти ноември во Мадрид, Шпанија.Шпанскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветува одлична програма. Директен пренос од спектакуларното шоу кое го подготвуваат домаќините ќе има на програмите на Македонската радио-телевизија. Ана и Алексеј се извонредно талентирани млади пејачи кои го привлекуваат вниманието на љубителите на музиката насекаде. И покрај нивната возраст, имаат неверојатни гласовни способности кои никого не оставаат рамнодушен.

 

Related Articles