Home » НУ „Охридско лето“ по повод 8.март организираше концерт на тенорот Федерико Сера

НУ „Охридско лето“ по повод 8.март организираше концерт на тенорот Федерико Сера

by culturalchat

По повод 8 Март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“, концерт одржа светски познатиот тенор Федерико Сера од Италија во придружба на пијанистот Антонио Кампоногара. Концертот се одржа во црквата „Света Софија“ во Охрид .Пред бројната публика Сера им го честиташе 8 .Март на жените на македонски јазик, а вистински подарок беше и изведбата на Time to say goodbye од неговиот музички ментор Андреа Бочели.  Покрај тоа тој изведе арии од Џузепе Верди, популарни песни од Цезар Франк и Ернесто де Куртис, со кои често настапувше Лучано Павароти.

Веќе трета година надвор од фестивалската рамка (12 јули- 20 август), Охридско лето реализира концерти преку цела година. Имаа прекрасен новогодишен  концерт со оркестарот на Македонската опера и балет,  Осмомартовскиот концерт, следува Велигденскиот како завршница на концертите надвор од официјалната програма.„Како најголема и најзначајна културна установа во државата сакаме врвната култура да живее преку цела година со што од една страна го афирмираме Фестивалот а од друга страна и Охрид како град, но  и државата во целина. Нудиме квалитет а тоа го препознава нашата верна публика“, истакна директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Федерико Сера по трет пат настапи во нашата земја, имено тој беше дел од четворицата светски познати тенори од Италија Алесандро Косентино Де Акриса,Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, кои приредија незаборавен концерт на Свеченото отворање на 62. издание на Фестивалот „Охридско лето“.

 

 

 

Related Articles