По повод претстоечките празници, а како прославување на уште една успешна година на компанијата Бимилк, беше организирана предновогодишна средба за новинарите, претставниците на медиумите, фотографите во ресторан Аурум Блис во Битола. На истата се наздрави за крајот на оваа година, постигнатите успеси и надминатите предизвици. Се наздрави во име на новите почетоци и поголеми успеси, а беа договорени и нови соработки.На новинарите им се обрати Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк, посакувајќи им среќни празници и продолжување на успешната соработка со сите нив и следната година.Домаќини на средбата беа и Маја Велевска Литовска, бренд менаџер во Бимилк и Мартина Петровска маркетинг директор.Компанијата БИМИЛК постои од 1952 година и низ годините претставува синоним за традиција, квалитетни млечни производи и успешно деловно работење. Широкиот спектар на производи им донесе голем број на лојални клиенти, а деловните принципи на кои се придржуваат од основањето се заслужни за нивниот тим од врвни експерти, како и бројни соработки со кои се гордеат. Со традиција уште од 1952 година, Млекара АД Битола денес е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија, задоволувајќи ги секојдневно потребите на повеќе од милион потрошувачи. Токму потрошувачите се во фокусот на деловната стратегија на компанијата. Од нивните желби и потреби започнуваат сите деловни процеси и активности во поглед на развојот, модернизацијата и стандардизацијата на производството. Нивната мисија и понатаму останува истата: Обезбедување на потрошувачите со здрави, вкусни и хранливи производи со цел подигнување на нивото на свесност и неопходноста од здрав и избалансиран начин на исхрана.Оваа компанија е дел, но и организатор на бројни хуманитарни настани меѓу кои и последниот кога оваа празнична сезона ја претворија магијата на дарувањето во реалност, носејќи радост и насмевки за над 700 детски лица низ целата земја. Со оваа најголема донација на новогодишни подароци, компанијата покажа дека вистинската среќа се мери со насмевките кои ги создава. Оваа хумана иницијатива беше реализирана во соработка со бројни НВО и здруженија и во истатат децата од сите делови на земјата ја почувствуваа топлината и радоста на празничниот дух.