“Не Признавај” е насловот на најновата песна на Никола Зацески. Ова е уште едно парче музика кое го надополнува на албумот “Срцето Мое Тука Чука”. Зад оваа песна стои и еден многу млад и талентиран автор Бојан Димитровски, кој се потпишува за музиката, текстот и аранжманот. Ова е нивна прва официјална соработка, и како штомистакна Никола, верува не последна, бидејќи станува збор за еден голем талент и креативец во својата работа.Мастерингот и снимањето беше обработено со Ангел Ќосев, во неговото студио “Подрумот”, додека зад видео записот се потпишува Никола Митревски и пратечки вокал е Мартина Нанеска.Никола претходно твореше во Австралија каде и ја почна неговата музичка кариера. Досега ги има испеано песните „Мојот пат“ и „Срцето мое тука чука“, „За вас“, а ја преработи и „Лихнида“ од Ефто Пупиновски. Уживајте во ова музичко дело кое произлезе од наши претпознатливи и преубави македонски звуци.