Home » Најплоден македонски автор-битолчанката Вера М.Самарјанин

Најплоден македонски автор-битолчанката Вера М.Самарјанин

by culturalchat

Познатата битолска хуманистка и писателка Вера М Самарјанин во Велес од страна на општината и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ доби признание за најплоден македонски автор од осамостојувањето до денес. По добивањето на значајното признание во Велес, Вера М Самарјанин се огласи на социјалните мрежи и напиша:

„Голема благодарност до Општина Велес, градоначалникот, господин Марко Колев, Клубот на писатели “Коста Солев-Рацин” од Велес, претседателката Лили Арсова и членството, како и до сите поети и писатели , љубители на пишаниот збор од цела Македонија, кои настанот ми го разубавија со своето присуство“.

Нејзините 121 книга и сите пред неа, ги напишала како што истакна  благодарејќи на сите почитувани поети, зашто според неа, никој ништо не може да направи сам.

„Вашата поддршка, ми даваше сила до сега, а од сега натаму задолжение, обврска која морам да ја исполнувам со вас сите и со Господ напред. Благодарност до моето семејство, кое истрајно ми помагаше да постигнам се’ што постигнав“, додава Самарјанин.Таа ќе каже: „Велат се учи од најдобрите, најмудрите. Јас ја имав таа прилика и прво од животот учев, а се надополнував од многу помудрите од мене. Не ми беше никогаш под чест, да се консултирам со некого и од моите блиски, да примам совет да послушам. Прашував, се консултирав и никогаш не престанав да ги слушам и следам. Јас по природа велат дека сум послушна. Така овие мои дела, немаше да излезат на бел ден без сите вас. Сам никој ништо ме може да направи, а јас тоа го научив и го почитувам.Но како што реков, тоа е засега само квантитет, со кој не сакав да се натпреварувам, а нема да кажам дека денес не сум горда за тоа“.

Самарјанин смета дека уште поголемо е нејзиното хуманитарно дело, давањето. Тоа што издаде 121 книга, некоја во поголем, а некоја во помал тираж, е голема работа. Нејзината  радост е над се’ од тоа што сите тие книги ги подарила насекаде каде што можела. За себе вели дека ја продолжува својата  мисија на дарување која пред пишувањето и ја полни душата со милина.

„Нема поголема радост од тоа кога ќе подарам Сликовница и кога ќе израдувам дечиња, кога на возрасните во Домовите им покажам дека и на нив мислам, кога на млад писател ќе му дадам искрен совет и така ќе му помогнам, во се’ она што се вика помош, а за тоа не барам признание, тоа моето срце дарува и се радува.Ви благодарам на сите уште еднаш за преголемата чест и за тоа што го вреднувате секој мој труд“, додава Самарјанин.

 

 

 

Related Articles