По двегодишна пауза поради светската пандемија, оваа година ќе се одржи 8от по ред “БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ” кој ќе биде под мотото “THOUGHT IS FREE”.
Фестивалот ќе живее 6 дена и тоа од 25.06 до 30.06.2022г., на сцената на Народниот театар – Битола.
Посетителите ќе имаат ретка можност да ги погледнат театрите од Полска, Црна Гора, Албанија, Италија, Бугарија и секако Битолски театар како домаќини.
Подетални информации во текот на целата оваа недела.