Home » Народната култура – трајна инспирација во моето творештво

Народната култура – трајна инспирација во моето творештво

by culturalchat

На 55. издание на фестивалот „Илинденски денови“, Заводот и музеј во Битола се претвори во вистински храм на детската креативност. На тема што поврзува традиција и иднина – „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“, младите уметници од основните училишта ја пренесоа својата имагинација на хартија, инспирирани од богатото културно наследство на Македонија.
Преку традиционални мотиви, фолклорни детали и автентични форми, децата не само што цртаа, туку и учеа – за вредностите кои не застаруваат, за убавината на везот, шемите и симболите кои зборуваат на јазикот на предците. Работилницата беше поддржана и од менторки – наставнички по ликовна култура и кустоси од музејот, кои на најнежен начин го поврзаа музејскиот простор со детската фантазија.
Впечатливите моменти, цртежите на црвените килими и насмевките на малите автори говорат повеќе од илјада зборови. Фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски.

Related Articles