Од 16 – 19 јуни во Охрид се одржа реномираниот натпревар “Охридски Бисери”. Натпреварот припаѓа на EMCY ( European Union of Music Competitions for Youth) организацијата, која што организација опфаќа над 50 натпревари низ цела Европа. Натпреварот се одржа во прекрасната црква Св.Софија, а инструментот на кој што свиреа натпреварувачите е одличното концертно пијано на кое што свират врвните уметници кои настапуваат на познатиот фестивал “Охридско лето”. На овој престижен натпревар учествуваа и ученици од Државното Музичко Училиште од Битола и успеаа во тешка конкуренција со учесници од над 15 земји : Кина, Србија, Албанија, Грција и други земји, да освојат врвни резултати и тоа : Марко Буџаковски – Прва награда, Јане Петровски – Прва награда, Бојана Бошкова – Втора награда, Теона Буџаковска – Втора Награда, Андреа Влкановска – Втора Награда и Тамара Василевска – Трета награда. Тие се во класата на професорките Јана Четелева Белевска, Марија Шамоска Буџаковски и Наташа Цвијановиќ.Во дисциплината пијано, соло Марко Буџаковски ( во класата на Јана Четелева Белевска) и Јане Петровски (од класата на проф Марија Шамоска Буџаковски) беа единствените првонаградени учесници од Македонија. Натпреварувачите ги оценуваше меѓународна жири комисија составена од врвни пијанисти и професори и тоа : Александар Сердар ( Србија), Катарина Крпан ( Хрватска), Барбара Шчепанска ( Германија), Есер Билгеман ( Турција) и Ана Гацева (Македонија).Професорките изјавуваат дека се презадоволни од постигнатиот успех и дека ова е последен натпревар од циклусот натпревари кои што предходеа и на кои што младите пијанисти се вратија со многу награди. Сега следува летениот период во кој што ќе имаат малку одмор, а од септември повторно продолжуваат, мотивирани со полна сила и елан во нови победи.
Наградени ученици од Битолското музичко училиште на „Охридски бисери“
previous post