Home » Награда за најдобар актер во Црна Гора за актерот Тони Наумовски

Награда за најдобар актер во Црна Гора за актерот Тони Наумовски

by culturalchat

Актерот Тони Наумовски ја доби Наградата за најдобар актер за филмот „Лена и Владимир“, на 50-годишнината од престижниот филмски фестивал посветен на актерите „Мојковачка филмска Јесен“, во живописниот град Мојковац, Црна Гора.„Посебна благодарност до уметничкиот директор на фестивалот, Радослав Т. Станишиќ, и директорката на Културниот центар, Зорица Манојловиќ, кои ги вложија своите срце и душа за да го направат овој фестивал настан од светска класа. Да бидам вклучен на листата на победници меѓу легендарните имиња на југословенската ѕвездена кинематографија е најскромниот и најблагодарен момент во мојот живот во глумата. Љубовта, страста, визијата и потребата за филм нè прават едно тело, една душа“, изјави Наумовски.Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов минатата година освои повеќе од 15 награди на фестивали низ САД, дури четири награди од жирито на Red Brick Road Film Festival во Оклахома, САД. Филмот е прогласен за најдобар, а е награден и за најдобра кинематографија (Душан Кардалевски), најдобар спореден актер (Петар Мирчевски) и најдобар актер (Тони Наумовски), престижната награда од жирито за најдобар филм на 19-тиот Универзален филмски фестивал во Канзас Сити, наградата за најдобар машки актер на престижниот „Инди филм фестивал авордс“ (Indie Film Festival Awards) во Њујорк. Тука се и наградите: „Голема повелба на Леотар“ на Филмскиот фестивал што се одржа во Требиње, Босна и Херцеговина, две награди на филмскиот фестивал во Нови Сад: Награда на публиката и Специјално признание. Сценариото за филмот е на Александар Русјаков, а играат: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски. Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов, и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.

 

 

Related Articles