Home » Мурал на Борислав Траиковски во Битола

Мурал на Борислав Траиковски во Битола

by culturalchat

Ликовната преокупација на двете уметнички од Битола, Дијана Колонџоска и Ленче К.Јагоридовска и нивните слични погледи на епохата ги наведе да го изразат ликот на еден од најмаркантните современи македонски сликари Борислав Траиковски.

Инспирирани од неговата идеја ,,УМЕТНОСТ ЗА СИТЕ’’ осамна и насловот на муралот,кој ќе го краси еден од ѕидовите на СОУ,,Таки Даскало ‘’- Битола . Неговите уметнички доживувања се водат како експресионистички моменти и создаваат едноставен и директен ликовен јазик со силен колорит,драматичен потег на четката ,што ја зголемува изразноста на сликата.

Траиковски е еден од основачите на современата уметност во Битола и Македонија, еден од основачите и првиот претседател на Друштвото на ликовни уметници од Битола и еден од најзначајните членови на групата „ВДИСТ“.

Целта на овај проект кој е финансиран од Министерство за култура на Македонија е афирмација на македонските уметници,доближување на културата и уметноста до младата популација.Несомнено затоа авторките и локацијата ја избраа да биде на средно училиште, заради  самиот факт дека токму Траиковски работел во ова училиште долги години  како професор по ликовна уметност.

Ликовниот педагог Дијана Колонџоска претходно заедно со ученичката Симона Бојаџиева, го нацртаа муралот на Малиот Принц. Во рамките на конкурсот “Цртај на Македонски јазик”, заедно со учениците од СОУ “Крсте Петков Мисирков” Колонџоска го наслика муралот на Домот на културата ,,Илинден’’ – Демир Хисар посветен на Петре М. Андреевски.

 

 

Related Articles