Home » Музички Маратон по повод 4 Ноември – Ослободувањето на Битола

Музички Маратон по повод 4 Ноември – Ослободувањето на Битола

by culturalchat

Државно музичко училиште – Битола го најавува традиционалниот Музички Маратон, посветен на празникот на нашиот град – 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола. Како дел од програмата на Општина Битола, а по повод прославата, со над 150 учесници, ученици од сите оддели, музичкиот маратон ќе биде вистинска прослава на музиката, талентот и љубовта кон Битола. Ќе одекнуваат звуци од пијано, виолини, дувачки и гудачки инструменти, хорска, соло и традициска изведба – сите во чест на градот со најдолга музичка традиција. Маратонот ќе се одржи на 4. ноември, во Културниот и информативен центар – Битола.
Почеток:
Прв концерт 10ч.
Втор концерт 12ч.
Трет концерт 14ч.

Свечен концерт 17.30ч.

Да ја славиме заедно Битола – градот на музиката, уметноста и младите таленти.

Related Articles