Трета година по ред младите музичари од Државното музичко училиште ќе го прославуваат денот на градот, 4. ноември, со своите изведби. Оваа година, Музичкиот маратон ќе го организира Државното музичко училиште во соработка со Општина Битола, на кој ќе настапат 100 ученици од 6 до 18 годишна возраст, распоредени во 5 концерти:
Концерт 11 часот, Концерт 12 часот, Концерт 13 часот , Концерт 17 часот, Завршен концерт 19 часот.
Битолчани се топло добредојдени да бидат дел од овој голем настан.
Маратонот ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола на 4-ти ноември.