Под сводовите на Центарот за култура, публиката имаше можност да сведочи на една незаборавна вечер исполнета со музика, емоции и културна хармонија. Втората вечер од 16-тото издание на Фестивалот на музика од светот донесе магичен спој на традиционални звуци и современи уметнички изрази, потсетувајќи нè на универзалната сила на музиката како јазик што ги обединува сите.Со посебен говор вечерта ја отвори Маја Андоновска Илијевски, директорката на Центарот за култура, нагласувајќи го значењето на фестивалот како платформа што ги слави културната и музичката разновидност. Во срцето на оваа вечер беше неверојатната „Етно симфонија“ на Камерниот оркестар на Битола – извонреден музички проект што ги спои македонската традиција и современиот израз. Уметничката длабочина и емоции ги дополнија Сузана Спасовска со својот моќен вокал, виртуозот на кларинет Благојче Трајковски, и актерот Петар Горко, кој со поетски рецитали внесе драматичен шмек и приказна во вечерта.
фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски