На Големата сцена на Центарот за култура гостуваше претставата „Кој сум јас“ на Центарот за Монодрама, Улан Батор, Монголија. Автор и режисер е Б. Батделгер,а истата беше во изведба на актерот Јанјиндулам Рагкасурен.
Во оваа претстава се зборуваше за постпородилната криза која ги погодува повеќето жени во светот, што директно доведува до негативно влијание врз нивната психолошка добросостојба. Скоро секоја жена се споредува себеси со другите во општествениот свет после породувањето. Приказната ја прикажува оваа занемарена криза преку ликот на Монголката Сувд, која го надминува постпородилниот синдром и на кој начин таа се справува со психолошката болест преку ноќ.
Таа ја открива својата осаменост преку компликации како несоница и погрешна перцепција. Таа се промени за да не може да открие која е таа. На крајот, таа се сеќава на мудрите лекции од нејзината мајка и сфаќа што всушност значи семејството за нејзината самопочит и убавината на нејзината женска природа во нејзиното срце.
Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски