Друштвото за македонско-полско пријателство и соработка „Висла“, огранок во Битола, и Државното музичко училиште-Битола, a со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Македонија, го организираа овогодинешното издание на „Шопеновата вечер“ ,културен настан на кој се претставија младите музички таленти од нашиот град.
Концертот се одржа во Офицерскиот дом во Битола и на истиот присуствуваше и полскиот конзул Пиотр Висоцки, кој после концертот на сите учесници им подари пригодни подароци.
Тој истакна: „Чест и задоволство е да се биде дел од концертот, да можам да слушам музика на Шопен, посебно што концертот е организиран два дена пред државниот празник на Полска, 11 ноември. Сакам да се заблагодарам на сите учесници на младите пијанисти, на рецитаторките, а сите заедно успеаја да создадат неверојатна атмосфера на концертот. Им честитам и за високото ниво на изведба на Шопен, кој вооппто не е лесно да се изведе“.
Претседателката на друштвото за македонско-полско пријателство и соработка ” Висла“, Малгожата Мачковска, го истакна своето задоволство од долгогодишната соработка со музичкото училиште. Во рамките на програмата настапија: Марко Буџаковски, Алексеј Белевски, Јане Петровски, Теона Буџаковски, Деспина Куновски, Софија Славкоска, Тамара Василевска, Деа Ивановска, Лина Димовска, Софија Михајловска, Кристијана Илиевска, Зорица Јовчева, Матеа Стојаноска, Анастасија Петреска, ДавидСтојчевски, Аница Нелоска, Николче Петкоски, Димитриј Стојчевски, Јована Арсоска, Андреа Николовска, Леонардо Димоски, Арсениј Ангелески, Михаил Јагуриноски.
Овие ученици се во класите на професорките: Јана Четелева Белевска, Марија Шамоска Буџаковски, Маја Божиновска, Цветанка Георгиева, Билјана Димовска, Маја Митровска, Татјана Божиновска, Верица Дивитарова, Тања Котевска. Пијано придружба Александра Ристовска, а поезија читаа Вероника и Јована Спасевски.