По повод „Денот на градот Сплит“ и „Денот на Европа“, координацијата на советот и претставниците на националните малцинства на градот Сплит во Хрватска, го организираа дванаесеттиот по ред настан со соодветно име: „Домот е таму каде е песната “.Централната свеченост се одржа во Хрватскиот дом и беше исклучителна можност да се промовира културата на мир, заедништво и квалитетен соживот. Тоа беше уникатна средба на културата на националните малцинства при што тие покажаа големо богатство на културни изрази и разновидност на традиции.На манифестацијата покрај здруженијата на Албанците, Црногорците, Словенците, Италијанците, Босанците и други, се претстави и македонското културно друштво „Македонија“. Во традиционални македонски народни носии, членовите на ова здружение ја претставија фолклорната, хорската култура и народните песни на Македонија. Оваа манифестација е претставување на културното творештво на националните малцинства кои живеат во Сплит .