Home » Меморандум за соработка на Државното музичко училиште и Македонската Асоцијација за надарени и талентирани МАНТ – Битола

Меморандум за соработка на Државното музичко училиште и Македонската Асоцијација за надарени и талентирани МАНТ – Битола

by culturalchat

Делегацијата од Македонската Асоцијација за надарени и талентирани МАНТ – Битола, го посети Државното музичко училиште, при која средба беше потпишан Меморандум за соработка.„Оваа средба претставува значаен чекор во унапредувањето на нашата меѓусебна соработка. Разговаравме и договоривме конкретни идни активности насочени кон препознавање, поддршка и развој на надарените и талентирани ученици“, истакнува претседателот на Асоцијацијата д-р Драган Ристевскии и додава: „Веруваме дека на овој начин ќе создадеме уште посилна мрежа на поддршка за младите таленти, овозможувајќи им простор за креативен израз и професионален раст“. Со овој Меморандум се развива и музичката култура, нејзината промоција во Битола. Тука е и соработката при реализација на концерти, семинари, натпревари, промоции и секакви настани од јавен карактер во рамките на можностите и капацитетите на двете страни. Целта е да се одржува да се поддржи и создаде инклузивна класична музичка сцена и култура со особен интерес за вклучување на младата популација и пошироката публика. Како дел од делегацијата беше и д-р Љупчо Кеверевски, а од страна на училиштето: директорката Марија Шамоска Буџаковски и професорите Јана Четелева Белевска и Никола Баљари.Државното музичко училиште продолжува посветено да работи кон градењето можности за нивните ученици.

Related Articles