Home » Матеа Стојаноска, Ана Матеска и Анастасија Петреска настапија со Македонската филхармонија

Матеа Стојаноска, Ана Матеска и Анастасија Петреска настапија со Македонската филхармонија

by culturalchat

Македонската филхармонија, го одржа традиционалниот концерт насловен „Младите доаѓаат“, посветен на новите музички таленти од земјава. Под диригентство на маестро Ангел Спироски, на концертот настапија ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и од Битола. На програмата беа инспиративни и комплексни дела од Бах, Дитерсдорф, Меркаданте, Сен-Санс, Кабалевски, фон Вебер, Шуберт, Моцарт, Верди и Шостакович и други.Од Битола на концертот настапија: Ана Матеска – флејта, класа: проф. Александар Стефановски, Матеа Стојаноска, соло- пеење, проф. Маја Митровска, Анастасија Петреска, пијано, проф. Татјана Божиновска.Покрај учениицте од Битолското музичко училиште настапија и учениците од другите македонски училишта: Марија Џуклеска и Андреј Наумоски, виолини (проф. Милена Крстевска), Летиција Кондратенко, контрабас (проф. м-р Благој Маротов), Ева Малиновска, виолончело (проф. Маре Видевска), Виктор Србиноски, виолина (проф. Елица Рашкова), Александар Ристовски, кларинет (проф. Благојче Трајковски), Анастасија Милеусниќ, соло-пеење (проф. Александра Коцевска) и Џеврие Туле, пијано (проф. Весна Ангелова-Христов).

Овие концерти се мошне интересни и секогаш оставаат силен впечаток, затоа што носат нова енергија, елан, ентузијазам, младешки дух и ја најавуваат новата генерација македонски музички уметници.

„Да ги поддржиме идните генерации музички уметници во почетокот на нивното креативно патешествие, а тие ќе ни донесат прекрасна музика и изведба“, истакнаа од Филхармонијата.

Related Articles