Home » „Македонско девојче 2“ – портрет на традицијата низ очите на уметникот

„Македонско девојче 2“ – портрет на традицијата низ очите на уметникот

by culturalchat

На ова 55. издание на фестивалот „Илинденски денови“, публиката во Битола имаше можност да ја посети изложбата „Македонско девојче 2“ – нов циклус дела во маслена техника на сликарот Раде Најдовски.
Изложбата претставува нежна, но моќна визуелна почит кон македонската жена – таа што со својата тишина зборува за припадност, идентитет и духовно наследство. Облечени во автентични народни носии од различни региони – Струшко, Битолскиот крај, Дримкол – женските ликови на Најдовски не се само мотиви, туку архиви на емоции, симболи на достоинство и носители на културна меморија.
Со прецизност во деталот, топлина во палетата и внатрешен мир во композицијата, авторот создава слики што повикуваат на тивка размисла. Изложбата беше отворена со присуство на бројна публика, уметници, културни работници и пријатели на авторот, кои ја препознаа како искрен и вреден придонес во современото препрочитување на нашето визуелно и духовно наследство.
фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

Related Articles