Home » Македонскиот џез на 7-ми септември во Загреб со Сашо Поповски трио

Македонскиот џез на 7-ми септември во Загреб со Сашо Поповски трио

by culturalchat

На 07.09, со почеток од 20 часот, реномираното Сашо Поповски трио настапува во Загреб во клубот Мочвара. Култно место посебно за џез музичарите од целиот свет.

Поповски со своето трио ќе настапи во рамките на промоцијата на новиот албум „Чекори“, (Steps) кој ќе излезе на почетокот на септември за француската издавачка куќа АРТ Мелодис.

Toj e џез гитарист и композитор кој на сцената е повеќе од 20 години, за време на коe се етаблира како еден од најдобрите македонски џез музичари, но и професор и со право може да се каже дека е еден од на водачите на џез сцената во Македонија. Првиот албум го издаде во 2005 година, а соработуваше со многу познати џез уметници, меѓу кои Тони Китановски, Оскар Салас, Милчо Левиев, Дејв Вилсон и Гоце Мицанов. До 2023 година сними пет албуми на кои соработуваше со бројни македонски и интернационални музичари, а работи и како автор на филмска и интернационална музика. Што се однесува до педагошката работа, долги години предава џез гитара на Музичката академија во Штип, каде моментално е вработен како раководител на катедрата за џез. Покрај сето ова Поповски е основач и директор на интернационалниот Џез фактори фестивал кој се одржува во Битола.

„Балканскиот џез има модерна душа“. Марио Фераиоли за списанието Jazz In Family Italy со овие зборови најдобро ја опиша музиката што ја изведува Сашо Поповски. Во своите композиции повремено си поигрува со влијанијата на традиционалната музика, а сето тоа му донесе многу признанија. Во 2021 година, албумот “Fallen Land” беше прв на регионалната листа на најдобри албуми во емисијата Jazzolovka, Џезоловка на ХРТ, а тој албум беше и албум на неделата на одредени листи во Бугарија, Србија, Полска и Македонија.

„Сашо во Загреб доаѓа со басистот Иван Бејков и тапанарот Виктор Филиповски за да го промовира новиот албум „Чекори“, а не се сомневаме дека ќе и приреди големо искуство на загрепската публика“, велат од Мочвара.

„Steps“ е најинтересниот и најпривлечниот современ џез албум што сум  имал задоволството да го прегледам досега.

Џорџ К. Гласер – Jazz Syndicate Magazine & Promotions

„Подгответе се да ве плени ова прекрасно дело“ – Ненад Георгиевски за „ Се за џезот“, All About Jazz

„Оваа музика е на раскрсницата на жанровите, релаксирачка и маѓепсувачка во исто време“ Марек Романски – Џез Форум

Фотографија: Даниел Ѓурчиновски

 

Related Articles