На 23 -ти октомври проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески ќе биде презентиран во Загреб во салата „Ватрослав Лисински“.
Во најавата за овој концерт се вели: Роден во Скопје, виртуозниот пијанист Симон Трпчески е еден од најбараните пијанисти на денешницата! Со својот моќен израз на пијаното и длабоко експресивни и уникатни интерпретации, тој ги освои не само срцата на слушателите на концертните места низ светот, туку им остави на критичарите само еден избор: секој ги претвора критиките за неговите концерти во пофални зборови.
Настапуваше како солист со најголемите светски оркестри како што се Њујоршката филхармонија, Симфонијата на Сан Франциско, Симфонискиот оркестар на градот Бирмингем и Лондонскиот кралски филхармониски оркестар, со кои настапи минатата сезона во циклусот Лисински во сабота.Сега, опкружен со пријатели – сестрани музичари од Македонија и Бугарија, се предава на звуците на својата татковина – односно на радосната музика што заедно ја свират овие одлични музичари под името „Македонисимо“.Суперлативот не е празно фалење: критичарите тврдат дека резултатот го „одзема здивот“ и не го кријат својот ентузијазам за „фасцинантните музички впечатоци кои некако ги поврзуваат новите класици, лаунџ музиката, џезот, ромската музика – и сепак со свој силен карактер!“ .