Сеуште не стивнуваат позитивните реакции и впечатоци кај оние кои првото изгрејсонце од Новата година го дочекаа на врвот Пелистер (2.601 м.) со што ја продолжија традиционалната манифестација „Први на први“. Во огранизација на ПСК “Олимпус Монс” и со поддршка на Општина Битола, до врвот стигнаа околу 30 планинари. Еден од нив планинарот и планинарскиот водич, Влатко Крбалески веќе 15 години по ред во зимски услови се искачува до највисокиот врв во Националниот парк Пелистер, а 5 години заедно со “Олимпус Монс”.Во продолжение уживајте во прекрасните фотографии кои ни ги испрати Крбалески.