Откако во 2019 година нѐ воодушевија со албумот „Море без брегови“ и со турнејата, која траеше цели пет години, групата „Ван Гог“ го започнува своето ново музичко поглавје, со синглот „Луд и сам“. Публиката на 27. октомври во 18 часот на јутјуб-каналот musicvangogh имаше можност премиерно да го погледне спотот.
„И не ми е жал што летаат годините, кога сѐуште истата глад за животот ме води, и не ми е жал што дел од себе на сите им дадов, еве ќе играм уште побрзо, ќе дишам без страв, бидејќи животот е мој до последниот здив“.Музика и текстот на „Луд и сам“ се дело на фронтменот на Ван Гог – Звонимир Ѓукиќ, додека аранжманот е на Звонимир Ѓукиќ- Ѓуле, Србољуб Радивојевиќ, Воислав Аралица. Во текот на претходните две години, Срба и Ѓуле заедно со својот продуцент Воја Аралица поминаа низ уште едно инспиративно музичко патување. Како што вели фронтменот на групата Звонимир Ѓукиќ, бендот себеси не си дозволил луксуз, да се повторуваат креативно и да се потпрат на она што веќе го постигнале:
„Следејќи го сензибилитетот, се осмеливме да направиме нов музички исчекор, без да сакаме да се усогласуваме со вкусовите и крутите стилски насоки. Сега, кога албумот е завршен, нашата желба е на секои три месеци, чекор по чекор, сингл по сингл, спот по спот, да разменуваме енергија со публиката. Сите коцкички од „мозаикот“ ќе се наредат во 2026 година на винил и на ЦД, во сликата на нашиот единаесетти студиски албум по ред“. На крајот на јануари 2025 година, бендот ќе го претстави вториот по ред сингл и спот, за песната „До последњег даха“, а на 22 април 2025 година, на Светскиот Ден на планетата Земја, и третиот за песната „За планету С. О. С.“. Песните по објавувањето, ќе бидат достапни на сите дигитални продавници: „Енергијата на младите луѓе на нашите концерти буди надеж, откривање на нивната посветеност, за нас е посебно ниво на уметност“, вели Ѓуле.
„Ван Гог“ ќе се појави пред публиката во Белград на 29 ноември во Домот на млади, на истото место каде во 1986 година за првпат ја отсвири „Трагова прошлости“, а кон средината на декември, со музиката ќе се поклони и на публиката во Скопје, со тие концерти, групата ќе ја започне својата нова турнеја.
„Голем бакнеж од бендот до своите фанови во Македонија“, додава Ѓуле.