Издавачка куќа „Лин Рекордс“, по големиот интернационален успех на албумот Македонисимо и ЦД-то на кое Симон Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија изведуваат програма со дела од Шостакович, го објави најновиот албум на нашиот пијанист Симон Трпчески, насловен „Пријателство“ (Friendship), кој е достапен на дигиталните мрежи за преземање.
Најновиот албум го содржи Квартетот за пијано на Брамс бр. 3 во c-moll, тука е и фантастичниот нов аранжман на „Дивертименто“ на Конесон и триумфалниот квинтет на Панде Шахов.
ЦД- то ќе излезе во ноември, а делата од истото во живо ќе бидат изведени во Лондон, како дел од сезоната на Лондонскиот симфониски оркестар 2023/24. На концертот Симон ќе ги изведе Брамсовите концерти за пијано 1 и 2 во декември во салата Барбикан. Под капата на оваа издавачка куќа излезе и албумот на Трпчески со наслов „Варијации“, со дела од Моцарт, Бетовен. Тука се и Брамсовите варијации од неговата рана фаза на тема од Шуман, а целиот албум завршува со познатите 32 варијации на Бетовен напишани на своја оригинална тема. Токму со излегувањето на „Македонисимо“ започна соработката на Трпчески со престижната британска издавачка куќа Лин Рекордс.
Исполнетиот распоред на Трпчески, до крајот на мај го води и во Сараево, Цеље, Билбао и во Женева.
Лин рекордс го објави новиот албум на Симон Трпчески
previous post