По повод 45 години постоење – четири и пол децении исполнети со уметност, музика, фолклор, театар, филм и безброј незаборавни моменти, на Центарот за култура Битола, беше одржан јубилеен концерт на кој настапи Ефто Пупиновски, еден од најистакнатите македонски пејачи, уметник чиј глас со децении е дел од музичката сцена. Покрај многубројната публика присутни беа и досегашните директори на Центарот и тоа: Љупка Коларова – Пајевиќ (директор од 1999 – 2002 и од 2008 до 2010), Борис Чоревски (директор од 2002 до 2007), Ана Бегајовска (директор од 2007 до 2008), Борче Димитровски (директор од 2010 до 2017), Зоран Димовски (директор од 2017 до 2018), Маја Андоновска – Илијевски (директор од 2018 до 2025), Влатко Илиевски (директор 2025 година), Сашо Илковски, актуелен директор на институцијата. (Информации Борче Димитровски).
Првите 19 години со институцијата раководеше Петар Целаковски, а краток период вршители на должноста директор беа и Блаже Павловски и Лилјана Димитровска – Пецакова. Сите тие дадоа и даваат значаен придонес кон културниот живот на Битола, со многубројните настани по кои нашиот град стана дел од светската културна мапа.

