Учениците од подрачното училиште во с. Трново изработија куќички за птици. Имено на часот по предметот техничко образование интегриран со Секцијата- Градинарство, учениците чиј одделенски наставник е Марија Цветановска, изработија предмети од дрво, што всушност претставува дел од наставната содржина и ги поставија во школскиот двор.
Освен што ќе го разубавуваат дворот, воедно ќе бидат дом или хранилка за малите пријатели, птиците.