Во рамките на програмата на Битолскиот театар за одбележување на јубилејот 80 години на оваа институција, премиерно ќе биде изведена претставата ,,КУФЕР.МК“ по идеја и концепт на актерката Соња Михајлова и Благој Мицевски кој беше задолжен и за режијата. Музиката е на Миодраг Неќак, за видеото се погрижи Марјан Георгиевски.Животниот пат на една актерка, жена, од времето на сеќавањата на детството за еден гостувачки циркуз па до времето на Југославија и до ден денес, поставувањето на прашањата:каде бевме и кои бевме, каде сме сега и кои сме, се само мал дел од театарската претстава „Куфер.МК“. Михајлова низ претставата не води низ една лична интимна исповед за дилемите, моралните вредности, погледот на светот, убавите моменти, но и траумите низ кои поминува и со кои се справува една актерка, жена. Премиерата ќе биде на 16.октомври (среда) и реприза 17.октомври (четврток).