Home » Костимографот Благој Мицевски за Креативниот ден во Битола

Костимографот Благој Мицевски за Креативниот ден во Битола

by culturalchat

Повеќе реномирани дизајнери ментори ќе бидат дел од годинешното издание на Креативниот ден во Битола и тоа: Благој Мицевски, Андреј Папаз, Александар Ортаковски, Муамед Маликовски, Монсоло, Екатерина Петреска, Боркица, Христијана Голубовиќ,Сербез, Алшар Силвија Михајловска, Весна Божиловиќ,Бе.оне, Маја Петковска, Маја Андревска, Ирена Стојановска, Снежана Петровска, Анастасија Зулевска, училишта од Скопје, Струга, Прилеп, Богданци, Куманово, Штип, Виница и домаќинот Битола.
ВИП гости: Никола Ефтимов, Ивана Кнез, Елена Лука, Татјана Алексиќ, претставници од Текстилен Кластер.

„Она што е најважно во овај процес е тоа дека учениците поминуваат низ цел процес од идеја до реализација на модел. Уште поголемо искуство е соработката со конкретен ментор и клиент што на некој начин теоретското искуство го претвора во практично. На тој начин се подигнува нивото на текстилното образование кое произведува дизајнери подготвени за конкретни предизвици“, вели Мицевски.Учениците се дополнително митивирани.
„ Тие се исклучително мотивирани затоа што нивната креативност и работа станува навистина видлива за поширока јавност, но и на некој начин компетативна со работата на други дизајнери. Само на тој начин на површина излегуваат вистинските таленти.

Што значи поврзаноста на теоретската настава со практичната и настани како овој?

„ Во недостаток на модна недела во Битола, како и саеми за текстил и мода на пример, настани како овај навистина му даваат смисла на оваа професија која излегува од клупите во реалниот свет и социјалните медиуми исто така“.

Оваа година темата е Ориент. На што ќе се фокусирате Вие?

„ Како претходница на реализација на оваа идеја а во организација н професорките Анита, Живка и Ема, јас одржав едно предавање на тема Ориент во модата и можни инспирации на таа тема, со цел да се прошират видиците на креаторите.
Едвај чекам да ги погледнам сите креации затоа што мислам дека Ориентот е многу инспиративна тема. Креацијата на ученичката Елиф Јусуфи што ја менторирам јас, а ке ја носи Љупка Стефановска, покрај интензивната црвена свила од која ке биде изработен моделот, се инспирира од ориенталниот накит како и специфичната шминка која се употребува во венчалните церемонии кај некои народи“.

Оваа година Креативниот ден ќе се одржи на 28.мај во Битолскиот театар.

Related Articles