На Новата сцена во Центарот за култура беше изведена монодрамата „АРКА“ на Театарската филмска куќа АКТ, Приштина, Косово. Автор, режија и актер: Ментор Зумберај.
Оваа монодрама се занимава со темата на иселување и индивидуалните, семејните и општествените последици.Настанот се случува во едно семејство.
Со оглед дека немаше шанса за излекување на едно од малите деца, постариот син ги прекинува своите студии и започнува да работи се што може само да најде начин за излекување на неговиот помал брат. Поминувајќи илегално на границите на Европа, тој е претепан и затворен. Откако дознава дека неговиот помлад брат му го променил животот, уште повеќе се бунел и ги пролонгирал затворските услови. Откако се враќа дома после неколку години, тој во старата куќа го пронаоѓа само ковчегот на својата мајка. Веднаш по смртта на неговиот брат Мири, таткото не можел да се носи со смртта на малото момче, Тој набрзо починува. Девојчето, Мира, 17 годишна, вознемирена од смртта на нејзите брат и татко, ги зема делата на татко и и заминува од земјата згрозена од фактот дека земјата не е заинтересира за колосалните дела на таткото.
После неколку години, таа ги преведува делата на нејзиниот татко, ставајќи ја неговата работа на пиедестал. Мајката, после многу години чекање, умира на сечија жал. Таа остава аманет за нејзиниот најстар син во нивната семејна АРКА.
Кога момчето се враќа, тој го наоѓа само ковчегот, кој е отворен. Покрај спомените и предметите на семејството каде се отплеткуваат спомените, исто така тука е и прошталното писмо на мајката.
Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски