Пијанистката Татјана Божиновска, виолистот Владимир Димовски и виолинистот Игор Милевски одржаа концерт во рамките на 31.издание на Интерфест. Концертот во Офицерскиот дом може да се каже дека е звукот на битолската школа на класична музика која со децении ги раѓа и расте најдобрите музичари во Македонија и подалеку.
Виолинистот Милевски е роден во Битола, каде завршил основно и средно музичко образование во класата на професорот Зоран Маневски.На 15 годишна возраст настапил како солист со Македонската филхармонија. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Љубиша Кировски. Тој е заменик концерт мајстор на Европскиот оркестар. Концертира како солист и како член на Камерниот оркестар на Битола и на квартетот УНИКО, со кој успешно се претстави и на Интерфест 2021.
Виолистот Владимир Димовски е роден во Битола, каде завршил средно музичко училиште во класата на професорот Никола Трајановски. Дипломирал на ФМУ.Скопје во класата на Фросина Балова. Членувал во оркестарот на Музичка младина и во Симфонискиот оркестар на ФМУ.како водач на групата виоли. Значајна дејност е изработката на аранжмани. Тој е активен и како диригент на Камерниот оркестар на Битола,но и на оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. Татјана Божиновска е родена 1980 год. во Битола. Во 2002 год. дипломира, а во 2005 год. магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Во 2014 год. ги завршува иДокторските студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и прoф. д-р Димитрије Бужаровски.Има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција.Настапила како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар. Во 2006 е добитник на највисокото битолско признание „4 Ноември“ – како член на триото „Интерарт“. Од 2002 год. е вработена е во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано.