Home » Концерт на руска музика во Битола

Концерт на руска музика во Битола

by culturalchat

„Алконост- Концерт на руска музика“ беше насловот на концертот во кој уживаа битолчани, а кој се одржа во КИЦ Офицерски дом Битола.Концертот беше под водство на Елена Сиљаноска, уметничка родена во Русија, која живеела и студирала во Украина, а сега веќе долги години живее и работи во Скопје како корепетитор и во Македонската опера и балет. Во текот на концертот таа ја водеше публиката низ едно музичко патување, историски подредено по епохи, дополнето со звуците на изведувачите.Настапија: Јана Четелева Белевска, Маја Митровска, Надежда Рубен, Билјана Бајевска, Марија Наумовска, Климент Ристески, Ева Малинковска, Виктор Битовски, Ангела Андовска, Филип Ѓоргиоски, Мила Николовска, Теона Ванеска.

 

 

Related Articles