Home » Концерт на Државното музичко училиште од Битола посветен на македонските композитори

Концерт на Државното музичко училиште од Битола посветен на македонските композитори

by culturalchat

Со голема радост и гордост Државното музичко училиште Битола го одржа свечениот концерт посветен на делата од македонските композитори, во чест на 79 години постоење на училиштето. Концертот се одржа пред многубројната публика во КИЦ Офицерскиот дом.
Сцената беше исполнета со талент, емоција и искрена љубов кон музиката. Учениците и професорите уште еднаш покажаа дека музиката живее преку посветеност, работа и инспирација. Ова беше вечер исполнета со домашна музичка уметност, емоција и почит кон македонското творештво. Овој концерт не беше само раскажување на минатото, беше приказна за вториот дом – училиштето низ кое поминале имиња на наставници и ученици на кои многу училишта ќе позавидат, но и училиште кое дише со полни гради и чекори храбро напред кон иднината.

Фотографии: Сашо Ставрев

 

Related Articles