Јубилеите постојат да не потсетуваат на знајачни настани и личности кои живеат низ нивните дела. Овој пат во Битола се одбележа 125 годишниот јубилеј посветен на Брамс во организација на Здружениeтo за македонско – германско пријателство и соработка од Битола во соработка со Здружението АРС АД АСТРА и со подршка на Гете институт и тоа со концерт во Свечената сала на Офицерскиот дом.
На вечерта насловена,,Омаж на Брамс“, настапија пијаниските Татјана Божиновска, Билјана Димовска, Маја Божиновска и Верица Дивитарова, кои ги изведувоа ненадминливите класици на композиторот Јоханес Брамс и тоа: Брамсовите Сувенири за Русија, 16 Валцери оп.39 и Унгарски танци бр. 1,2,4 и 6.
Здружението на уметници и педагози Арс Ад Астра од Битола, е основано 2020 година во Битола, од страна на високо професионални музички уметници од истиот град. Поттикнати од желбата да го анимираат нивото на култура во градот и воедно да придонесат за поквалитететен музички живот, во своето делување пристапуваат со голема посветеност и ревносност во работата.
Иако основано неодамна, во своето делување бележи низа значајни настани кои придонеле за афирмација на музичката уметност во градот и докажување на наши врвни локални уметници. Здружението продолжува да ја негува и зачувува долгогодишната традиција за високо квалитетни вредности во музичката дејност на градот на клавирите – Битола.