Сумнал“ започна со реализација на проектот „Еко-пријателска мобилност“ кој е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската унија. Партнер во проектот е и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
„Еко-пријателска мобилност“ претставува иновативна иницијатива за подигнување на свеста кај младите за улогата на сообраќајот во заштита на животната средина.
По повод 11 мај, Денот на културата во сообраќајот, распишаа ликовен кокурс во рамките на проектот на тема:
„НИЕ, УЧЕНИЦИТЕ, АКТИВНИ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ“.
Право на учество имаат ученици и млади од 15-29 години од Битола.
Учесниците треба да ги испратат своите цртежи најдоцна до 22.05.2023 година на адреса ул.„Пеце Матичевски“ бр.39, 7000 Битола (НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола) со назнака: За ликовниот конкурс.
Најдобрите 3 цртежи ќе бидат наградени за време на изложбата која ќе се одржи на 26.05.2023 година во просториите на битолската библиотека.