Home » КОД 369 и Рубенс Муратовски ја воодушевија публиката во КИЦ Битола за Денот на жената

КОД 369 и Рубенс Муратовски ја воодушевија публиката во КИЦ Битола за Денот на жената

by culturalchat

Битолската публика имаше можност да биде дел од еден несекојдневен настан кој разбуди интерес и емоции дури и кај најрезервираните слушатели. Извонредното музицирање на битолската четворка од КОД 369 и неповторливата интерпретација на виртуозниот Рубенс Муратовски се сретнаа во комплементарна поетска слика.Емотивните и длабоки музички и поетски идеи на групата КОД се сретнаа во хармонија со најголемото книжевно наследство на Македонија отелотворено во текстовите на Петре М. Андреевски и Венко Андоновски, како и мисли за жените љубовта и виното од најпознатите македонски и светски автори. Акцентот беше даден и на значењето на кодот 369 кој Никола Тесла го издвоил како посебна духовна и ментална категорија.
Настанот беше посветен на Интернационалниот ден на жената – Осми март, по иницијатива на “Невроразлични” – Здружение на деца и млади со посебни потреби и нивните родители – Битола, по идеа и реализација на директорот на институцијата Благојче Божиновски, тон мајстор Миодраг Неќак, светло мајстор Никола Ѓорѓиевски . Средствата собрани од продажба на влезнците се наменети за хуманитарни цели. Да потсетиме , КОД369 е македонска група од Битола, која израсна од гаражен бенд до европски сцени и соработки. Во овој период се еден од ретките македонски бендови кои се ексклузивци на Кроација рекордс, за кои неодамна ја издадоа прекрасната тема “Кад сам се заљубила“.
Фото: Сашо Ставрев

Related Articles