Во време кога почетокот на годината најчесто доаѓа со списоци, притисоци и добро познатата реторика за продуктивност, третото издание на СВЕСНОСТ LIVE sessions понуди нешто ретко: поглед внатре и реални човечки амбиции. Настанот, одржан на крајот на јануари во Училница, не беше уште една afterwork средба со мотивациски наратив. Немаше чекори до „успех“, немаше формули што ветуваат брзи резултати. Наместо тоа, разговорот тргна од едноставно, но суштинско прашање: каде одиме и зошто токму таму?
Сесијата ги постави целите како внатрешна насока. Не како надворешна трка, туку како процес што бара јасност, зрелост и искреност кон себе. Вредностите како тивок компас, беа дискутирано и од соговоениците: Проф. д-р Кети Арсовска Несторовска го отвори разговорот од поширок културолошки и општествен контекст, потсетувајќи дека целите не се список на задачи, туку одраз на вредностите што ги носиме. Сѐ друго, како што истакна, е прашање на работа на себе, континуирана едукација и способност да се издржи притисокот на околината без да се изгуби сопствениот интегритет.
Слободата има своја економија, заклучи вториот соговорник.
Од fintech перспектива, Теодор Тодоровски, генерален менаџер на p2p.mk, зборуваше за често игнорираната страна на личната слобода, а тоа е нејзината финансиска тежина.
Високите цели, според него, подразбираат и висок ризик, а стабилноста не е спротивна на слободата, туку нејзин предуслов. Разговор без илузии, но со јасна одговорност.
Лидерството не почнува од титула беше поенатата на третата гостинка на овој панел.
Корпоративната перспектива ја донесе Андриана Поповска, Head of Human Resources во Cosmic Development, со став што ретко се слуша без корпоративна реторика:
„Ако сакаш да ја подобриш организацијата, прво подобри се себеси, па потоа повлечи ја организацијата.“
Најголемата победа, како што додаде, е онаа што можеме да си ја дадеме самите на себе.
Разговорот го модерираше Викторија Тодоровска. По разговорот за целите, Свесност:LIVE sessions на крајот на февруари отвора тема што е истовремено интимна и општествено запоставена: љубовта. Но не љубовта како клише или инспиративен цитат.
Туку љубовта како однос, како избор и како психолошка зрелост. Покрај психолози и професионалци од различни области, во следната session активно ќе се вклучат и уметници, кои ќе зборуваат за љубовта од перспектива на создавање, ранливост, губење и присуство. Љубовта како нешто што се живее, не само што се именува.

Имињата на соговорниците ќе бидат објавени наскоро. Свесност:LIVE sessions продолжува да гради afterwork простор каде се собираат личности од разни професии и отвараат прашања за свесно живеење.

