Културно информативниот центар Битола по повод Меѓународниот ден на џезот, организираше концерт во живо на Оливер Самоуилан џез квартет на платото пред Офицерскиот дом.
Соработката помеѓу францускиот џез музичар со македонските џез музичари Поповски Сашо, Иван Бејков и Ратко Даутовски е континуитет на предходната соработка на Jazz Factory Festival.
Џез музиката е универзален јaзик кој не познава граници, стилови, нации. Џез музиката е музичка синергија, која е во постојано движење,инспирација во од. Музика која зависи исклучително од духот и вештината на музичарите. По втор пат Меѓународниот ден на џезот се одбележа во Културно информативниот центар. Присутните уживаа во звуците на џез музиката.
Меѓународниот ден на џезот е Меѓународен ден прогласен од Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (UNESCO) во 2011 година „за да го истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обедини луѓето од сите страни на светот“. Се одбележува секоја година на 30 април.