Home » Кинеската култура презентирана во Битола

Кинеската култура презентирана во Битола

by culturalchat

Во Битолскиот театар, се одржа исклучителна културна вечер што ги спои традицијата и современата уметност на Кина, со Сичуанската и Пекиншката опера кои претставија: народна музика, танц, боречки вештини, акробатика, легендарната уметност на менување лица. Преку настапот на Сичуанскиот оперски ансамбл, Универзитетот за уметности од Ченгду и специјалните гости: Театарот „Џингџу“ – Пекинг, чиј уметнички директор е Чен Џилин, се одбележа доаѓањето на Кинеската лунарна Нова Година. Оваа гала вечер беше дел од европската турнеја „Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“ и симбол на културното пријателство меѓу Кина и Македонија. Бројната публика ја поздрави амбасадорката на НР Кина, Џианг Сјаојен.Претставата беше еден вид на визуелна гозба што ги спојува традиционалната и модерната кинеска уметност. Од класичниот приказ на ,,Четирите легендарни убавици,, преку митовите во „Златниот мајмун ја пречекува пролетта“, танцот на ,,Кои Карп,, до магичната уметност на менување лица, програмата го прикажа уникатниот шарм на кинеската култура низ богат и разновиден сценски израз. Претставата комбинираше врвна техника, сценска естетика и современа креативност, создавајќи искуство што ги плени очите, слухот и емоциите. На градоначалникот Тони Коњановски му беше врачен пригоден подарок. Уметниците на крај ја изведоа и македонската народна песна „Ој девојче, девојче“.

Фотографии: Ивона Кочов и Cultural chat

 

 

 

Related Articles