Home » Караван за Тоше во ОУ.Коле Канински Битола

Караван за Тоше во ОУ.Коле Канински Битола

by culturalchat

Денес во спортската сала на ОУ”Коле Канински” Битола, се одржа музичко-сценски настан со наслов:  “Тоше – за овој свет”  во чест на Тоше Проески, поточно 20 години амбасадор на УНИЦЕФ.

Натсанот е дел од „Караванот за Тоше“и го сочинуваа претставници од Спомен куќата на Тоше Проевски кои оваа година под мотото ЗА ОВОЈ СВЕТ, посетија неколку градови низ Македонија. Со нив носеа 2 оригинални облеки на Тоше и 6 слики од кои направија едно изложбено катче за разгледување.

„Целта на ваквите посети е да не се заборави ликот и делото на Тоше. Да не се заборави неговата хумана мисија и добрина што секојдневно ја правеше. Денешните генерации не го познаваат неговото дело и токму затоа од Караванот бевме замолени, публика на настанот да бидат учениците од 8 и 9 одд., а помалите ученици (од 4 и 5 одд).да ја подготват приредбата (заедно со хорот од училиштето)“, велат од ОУ.„Коле Канински“.

Презентацијата ја одржа кустосот на НУ “Спомен куќа на Тоше Проески”, Надица Николовска, по што се обрати и директорката на училиштето, Дијана Толевска Христовска.

На настанот гости беа и 2 ученички Даница Симитчиевска и Јована Здравевска во придружба на проф.м-р Маја Митровска, од Музичкото училиште каде Тоше учеше 4 години.

Беа изведени 10 песни и 2 рецитали и се испрати пораката до сите присутни „ШИРЕТЕ ЈА ЉУБОВТА И ДОБРИНАТА ВО СВЕТОТ. ВАЖНА Е ТРАГАТА ШТО ЈА ОСТАВАМЕ НА НАШИТЕ ГЕНЕРАЦИИ“.

Луѓето како Тоше треба да бидат ѕвезди водилки и светилник што ни го осветлуваат патот кон животот.

 

Related Articles