Home » Камерниот оркестар на Битола на 24-то издание на Интернационалниот музички фестивал MusicLand

Камерниот оркестар на Битола на 24-то издание на Интернационалниот музички фестивал MusicLand

by culturalchat

MusicLand е интернационален музички фестивал со традиција. Неговата цел е да ги обедини државите од Европа и пошироко преку силата на музиката на едно место – Битола. Фестивалот се одржува секоја година во месец август и трае 5 дена. Право на учество имаат сите изведувачи кои сакаат да се натпреваруваат во поп категорија и музика од филм, кабаре и мјузикл. Низ изминатите години, повеќе од 50 држави биле дел од овој реномиран фестивал, а оваа година има пријавено повеќе од 60 изведувачи од 17 различни земји, вклучително и Македонија, Полска, Казахстан, Литванија, Косово, Молдавија, Италија, Романија, Малта, Србија, Канада и многу други. MusicLand е место каде различни култури се спојуваат преку универзалниот јазик на музиката.
Фестивалот завршува со Гала концертот кој ќе се одржи на 14.08.2024 година во Центарот за култура, Битола со почеток од 19:00, каде најдобро пласираните учесници од изминатите денови ќе се претстават со најпознатите песни од филм, кабаре и мјузикл во придружба на Камерен оркестар ⋮IWConnect.

Повеќе информации за фестивалот може да добиете на следниот линк, а за информации за овогодинешното издание следете ги профилите на социјалните мрежи на Камерен оркестар ⋮IWConnect (Facebook, Instagram) и MusicLand (Instagram). Билетите се достапни по цена од 400 денари и може да се купат на следниот линк:

https://www.yournextevent.info/event.php?id=50.

 

Related Articles