Home » Калиопи ја распеа публиката во Белград

Калиопи ја распеа публиката во Белград

by culturalchat

Популарната поп пејачка Калиопи го одржа својот солистички концерт во МТС салата во Белград. Многумина ја нарекуваат кралица на емоциите, а на големиот концерт уште еднаш го потврди овој епитет освојувајќи ги срцата на публиката, по којзнае кој пат, оставајќи зад себе вечер полна со различни емоции. Тоа е нејзин осми концерт во Белград во тек на наејзината кариера, а втор во МТС салата. Истиот требаше да се одржи минатата година во ноември, но беше откажан пред самиот почеток, бидејќи почина жена во публиката.

„Беше потребно време. Има време да собереме сили за да надминеме одредени моменти кога ни е многу тешко. Тоа беше многу тежок момент за сите нас. Само нереално. Тоа беше најтажниот ден во мојата кариера. Што и да преживее човекот сфаќа дека животот има многу голема вредност, но и многу суров.Се што кажувам, кажувам преку музиката и преку моите песни, таму се пишува, а допрва ќе се пишува“, истакна Калиопи за српските медиуми.

Пејачката со препознатлива насмевка и една од најдобрите женски вокали од овие простори, на присутните им го донесе својот „куфер со љубов“ во кој имаше многу музички изненадувања.

Преку блиската интеракција со публиката, Калиопи ги испеа најголемите хитови од нејзиниот богат опус: „Мелем“, „Прости“, „Вучица“, „Мрвица“, „Обои ме“, „Месечина“, „Утро “, „Пожели“, „Кофер љубави“, „Локомотива“ – на кој на музичарите им се придружи и младиот тамбураш Страхиња Сегедински.

Четири години публика ја чекаше Калиопи да им пее, а секое нејзино појавување го поздравуваше со громогласен аплауз. Таа го изведе хитот „Небото ми сјае“ заедно со детскиот хор „Магија“ („Чаролија“),  под диригентската палка на Леонтина Вукомановиќ.

Посебно изненадување на вечерта беше појавувањето на нејзиниот голем пријател, а сега гостин на концертот, поп-ѕвездата Жељко Самарџиќ, со кој минатата година ја објавија песната „Знам“ и која првпат заедно во живо ја изведоа во Белград на оваа бајковита вечер.Нема сомнеж дека Калиопе и публиката во салата уживаа во прекрасна музичка вечер.

 

Related Articles