Home » Како се гради лидерска комуникација и што навистина комуницираме кога зборуваме?

Како се гради лидерска комуникација и што навистина комуницираме кога зборуваме?

by culturalchat

Утре, 16 декември, Utopia Academy го отвора својот најинтензивен и најсеопфатен комуникациски тренинг досега THE COMMUNICATION CODE & SPEAK TO LEAD, еднодневна програма наменета за лидери, менаџери и професионалци кои сакаат да комуницираат со јасност, да водат со присуство и да создадат здрава и функционална организациска култура. Обуката обединува два паралелни концепти во една стратегија:
•   THE COMMUNICATION CODE – комуникациски стилови што градат доверба и резултати
•   SPEAK TO LEAD – науката зад стиловите на комуникација и лидерското влијание.
Во текот на еден ден, учесниците ќе добијат психолошка длабочина, практични техники и искуствени вежби, дизајнирани да ја променат секојдневната комуникација во тимови и лидерски позиции. Обуката ја водат пет психотерапевти од центарот „Свесност“, професионалци со силен академски, клинички и организациски бекграунд:
•   Рената Димановска – LEAD WITH STYLE
Стратегии за пасивен, пасивно-агресивен, агресивен и асертивен стил
•   Доц. д-р Марина Кузмановска – WHAT LEADERS REALLY SAY
Психологија на стиловите зад тишината, зборот и тонот
•   М-р Љупчо Кимовски – THE HIDDEN DYNAMICS OF TEAMS
Како комуникацијата создава или руши култура
•   Викторија Тодоровска – SAY IT RIGHT
Асертивна комуникација и здрави граници во тимови
•   Катерина Крстевска Ристески – COMMUNICATION MASTERY 360°
Практични техники за јасна и стабилна лидерска комуникација.
Што добиваат учесниците?
•   Препознавање на четирите комуникациски стилови во реални ситуации
•   Разбирање како стресот го менува стилот на комуникација
•   Практични вежби водени од психотерапевти
•   Алатки за појасна, посмирена и поефикасна комуникација
•   Подобра тимска динамика и лидерско влијание.

Related Articles