Home » „И по Шекспир-Шекспир“ работилница за деца

„И по Шекспир-Шекспир“ работилница за деца

by culturalchat

На 2. јули во 10 часот во Малата сала на Центарот за култура – Битола заедно со драматургот Билјана Крајчевска и учениците актери од школата „Фабрика за мечти“ на режисерката Софија Ристевска – Петрушева,  ќе се„шекспирува“ на работилницата за деца „ И по Шекспир – Шекспир!“ Важно: · Работилницата е бесплатна и наменета за деца од 5 – 13 годишна возраст со траење од 2 часа, односно од 10: 00 – 12: 00 часот на пладне. · На децата не им треба претходно познавање на (сцените од) делата на Шекспир, всушност ние ги охрабруваме тие сами и на свој начин да ја откријат приказната. ·

Користејќи минимални реквизити и костими, децата актери од школата „Фабрика за мечти“ играат – глумат сцени од делата на Шекспир со оригиналниот текст преведен на македонски јазик. Потоа користејќи ја интерактивната работилница,  останатите деца се водат низ сцените – и тие низ игра стануваат „ новите актери“. ·

„Сите деца но овој начин развиваат чувство за слушање, концентрација, имагинација, си ја зголемуваат самодовербата и најважно: а бе дечки забавно е! · Децата се охрабруваат да внесат свои креативни идеи создавајќи своја верзија на приказната – значи и по (според) сцените од делата на Шекспир – повторно градејќи (наш и најнов) Шекспир со помош на …Е па дојдете да шекспируваме, па сами (без мама, тато, дада, тети, бато) ќе си видите како 🙂 , велат од фестивалот.

Бројот на деца е ограничен – принципот е кој стигнува навреме- останува да си играме!

Related Articles