Home » И ова лето Mountain Solution организираат Кањонинг

И ова лето Mountain Solution организираат Кањонинг

by culturalchat

Доколку сè уште не знаете каде да одите летниот период а да не е калсично езеро, море, пробајте ја адреналинска активност на отворено – кањонинг, достапна за домашните и странски туристи во Македонија. Се работи за спуштање по речна клисура (кањон), и за разлика од рафтингот или кајакарството се изведува пешки без употреба на кану или гумен чамец и во комбинација од суви и водни патишта. Оваа активност, во оранизирани групи со водич ја нуди Mountain Solution – Adventure Tours Macedonia. Авантуристичкото патување е активност за слободно време што се одвива во необична, егзотична, оддалечена или пуста дестинација, вклучувајќи некаква форма на неконвенционални средства за превоз и има тенденција да биде поврзана со ниско или високо ниво на активност. Токму Mountain Solution нуди вид на туризам во кој туристите прават некои авантуристички активности како што се Кањонинг, Џип Сафари, Планинско искачување. Со помош на професионалец, ќе можете да се справите со повеќе пречки и да стигнете подалеку во кањонот отколку што инаку би можеле.Основачот на компанијата Mountain Solution и водичот при овие адреналнски кањонинг тури, Петар Нолев,  истакнува дека кањонингот е погоден за поединци, парови, поголеми групи и семејства и додава дека сезоната трае од Мај до Октомври.  Ова е активност за која не ви треба искуство. Единствено потребни ви се основи  во пливање и афинитет кон  адреналинска авантура. Кањонингот е всушност авантуристичка активност која подразбира поминување – пешачење низ кањони, притоа совладувајќи природни препреки како на пример, водопади, каскади, природни базени (вирови) и слично. Оваа 4 часовна Авантура – се одвива на локацијата во Кањонот на река Градешка (Мариово).Како дел од оваа авантура е и испробувањето на традиционалните јадења на овој регион каде ќе имате  прилика да  ги пробате старите вкусови заборавени во урбаните места –  домашен леб, овчко сирење, мед, месо,  салати и овошје, автентични  за овој регион.  Доколу сè уште не сте го испланирале следното адреналиснко патување низ убавините на нашата земја, пробајте ја новата адреналинска активност на отворено – кањонинг. Контактирајте ги Mountain Solution – Adventure Tours Macedonia за да се придружите во ова уникатно безбедно искуство. 

 

Related Articles