Битола повторно ќе биде во бело со долгочекуваното 13-то издание на „Широк Сокак во бело” кое ќе се одржи на 23.август, сабота, од 21 часот. Белата ноќ на Битола е во ритамот на македонската музика.
„Затоа што го сакаме нашето, нешто што ниту еден друг јазик, ниту еден друг звук не може да го замени. На Широк Сокак во бело, одлучивме Битола да ја слави македонската музика“, велат организаторите. Токму на почетокот на Широк Сокак, меѓу останатите кафе барови, во кафе Централ се ќе биде во знакот а белата боја, а забавата на највисоко ниво како и секогаш. Белата ноќ на Широк Сокак ќе биде на плоштадот Магнолија. Оваа локација ќе биде центарот на збиднувањата, каде што Битола ќе ја прослави својата култура, уметност и традиција под светлината на ѕвездите и сјајот на белата боја.Настанот ќе биде проследен со следната програма и настапите на:
- DJ Тања
- Поп Рок Хор Битвокс
- Емоушн Бенд
- Никола Зацески
- Тамара Стојковска
- Бојана Скендеровски & Бенд
- Александра Јанева & Бенд
- Виктор Апостоловски.
Од енергијата на младите бендови, до моќта на вокали кои веќе ги знаеш – ова е вечер за да пееш гласно, да се гордееш и да кажеш:
Да, ова е нашата музика. И ние ја сакаме. „Широк Сокак во бело“ веќе 13 години претставува симбол на обединување, заедништво и добра забава, а настанот привлекува илјадници посетители од земјата и странство, кои доаѓаат да го искусат магичниот амбиент на Широк Сокак, обоен во бело.
Резервации за Централ кафе на:
078/361-599
075208548.