На Големата сцена од Центарот за култура беше изведена претставата на Мана Чума Театарот од Калабрија регионот од Италија, „Како мало зрно песок“. Автори на истата се Салваторе Арена и Масимо Барила, режија и актер Салваторе Арена.
На 18 годишна возраст, Џузепе Гулота, млад градежен работник е уапсен и присилен да признае убиство на двајца полицајци во мала касарна во провинцијата Трапани, во Сицилија. Злосторството крие некажана мистерија: тајни служби и државници кои се занимаваат со неофашистички групи, трговија со оружје и дрога. Со цел да се прикрие молчењето, секој може да е жртвено јагне. Гулота живееше 22 години заклучен во затвор за злосторство кое не го извршил и 36 години законски пекол.
Тој никогаш не избега. Тој се бореше со исправена глава, останувајќи таму како зрно песок во пеколна спирала сè до упорно бараниот и добиен процес на ревизија кога дефинитивно беше ослободен.
Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски